Лидл сепак доаѓа во Македонија, а пpвата инвестиција ќе е во овој град, ако градоначалникот изнајде начин да понуди локација

 Breaking News

October 02
20:37 2022

Се бараат локации за Лидл: Во моментов сме во интензивни преговори со компанијата „Лидл“ да го гради во Куманово нивниот логистички центар на локација во индустриската зона Новини и Речица.

Ова го најави градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, на 13-тата седница на Советот на општината.

Димитриевски информираше дека за оваа идеја на компанијата „Лидл“ е информирана и Владата.

Се обидуваме да изнајдеме начин во оваа локација да ги укрупниме парцелите,

бидејќи се работи за огромна површина, некаде 20 хектари земјиште на коешто треба да биде изградена инвестиција од приближно 75 до 80 милиони евра,

што верувам значително ќе значи за нас и за кумановското стопанство.

Со реализација на една таква инвестиција, впрочем нивните пресметки кажуваат дека само на таа локација дневно ќе се движат околу 150 товарни возила и

ќе дава огромна логистичка поддршка самиот центар, а ќе бидат вработени некаде до 300 луѓе“, рекол Димитриевски.

Тој истакнал дека веќе има добиено две писма со намера за инвестиција од страна на компанијата „Лидл“ во Куманово. ИзворПрес24.

Related Articles