Ковачевски на пазар: Нашите јаболки се најмиризливи, од нашите пиперки се прави најубавиот ајвар

Пазарот во Ѓорче е еден од поубавите пазари во Скопје.
Благодарност до пазарџиите и земјоделците кои се тука секојдневно да ни обезбедат свежи и убави домашни овошја и зеленчуци.
Нашите јаболки се најмиризливи, од нашите пиперки се прави најубавиот ајвар, убавата и вкусна храна е нашето богатство.
Нашата татковина има сонце, вода, плодна почва, ги има сите потребни ресурси, затоа и годинава голем фокус ставаме на зголемувањето на домашното производство на храна.

Даваме целосна поддршка на земјоделците за најпрво да им помогнеме работата да им се развива по нагорна линија, но и за да обезбедиме доволно храна за целата држава во оваа голема криза во која живееме.

Затоа воведовме нов модел на субвенции обезбедуваме капитални инвестиции, советодавни услуги за пристап до европски фондови но поддршка за вложување во човечки ресурси.

Подготвени сме за соочување со сите предизвици, никој нема да биде оставен сам. – Напиша премиерот Димитар Ковачевски на својата фејсбук страница.