Клуч на Собранието му стави Џафери, без мнозинство нема власт

 Breaking News

Клуч на Собранието му стави Џафери, без мнозинство нема власт

Клуч на Собранието му стави Џафери, без мнозинство нема власт
March 22
14:41 2021

Од денеска, недостатокот на мнозинство и кворум во Собранието доби нова димензија откако Џафери прогласи мораториум на неговата работа се додека власта не обезбеди потпис од 61 пратеник.

Владата на Зоран Заев веќе неколку месеци владее со државата практично без да има мнозинство во Собранието, пишува Прес24.

Оние 62 пратеници со кои располагаат СДСМ и ДУИ, последен пат се собраа во законодавниот дом за да му ја исполнат желбата на Премиерот кој се потруди да и докаже на опозицијата дека има мнозинство и легит имитет за да биде на власт.

Од тогаш, во Собранието нема мнозинство и практично власта нема власт.


За тоа, утрово Џафери ја обвини опозицијата што според сите законски прописи е смешно обвинување бидејќи опозицијата не е таа која е должна да го обезбедува кворумот и мнозинството во Собранието дури и тогаш кога власта има пратеници кои од различни причини се спречени да дојдат на работа.

Во тоа лежи и проблемот кога владеете со тенко мнозинство а истовремено не сте подготвени да прифатите ниту еден предлог на оние од кои ја очекувате поддршката, во случајов опозицијата.


Тие пак денеска излегоа со интересен предлог.

За да може парите од државната помош да стигнат до граѓаните предложија на посебна седница да се издвојат само оние законски решенија кои се однесуваат на тоа и за нив да се гласа со консензус.

Но Џафери утрово рече дека тоа е не е според деловникот поради што ја одложи утрешната седница, а како резултат на тоа, граѓаните и фирмите ќе останат без пари.


Но и тоа не е баш така. Секој предложен закон може да биде повлечен од оној кој го предложил и во експресен рок да биде повторно предложен за да може да се најде како посебна точка на дневен ред.

Имајќи предвид со која брзина се гласаа промените на Уставот за промена на уставното име, а и знаејќи колку експедитивни можат да бидат службите кога сакаат, процедурата може да заврши за помалку од 24 часа и веќе утре овие законски решенија да влезат во собраниска процедура.

Но опозицијата веќе отвори со мнеж дека тука не станува збор за законски пречки туку недостаток на пари во буџетот поради што власта свесно го кочи носењето на овие законски решенија. ИзворПрес24.

Related Articles