Името Гоце Делчев е Македонија и за него нема преговарање, вели Мицкоски на емисија на Алфа

 Breaking News

Името Гоце Делчев е Македонија и за него нема преговарање, вели Мицкоски на емисија на Алфа

Името Гоце Делчев е Македонија и за него нема преговарање, вели Мицкоски на емисија на Алфа
April 30
22:21 2020

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа каде што посочи дека недозволиво е да се преговара за Гоце Делчев, бидејќи тоа е Македонија.

„Како да не ме погаѓа темата за Гоце Делчев. Ние зборуваме за Гоце Делчев, овој народ го одбрал тој јунак и околу тој јунак ја содавала државава“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Република Македонија има многу јунаци и тука е и Гоце Делчев со кој сме ја воделе и создавале оваа држава.

Можеби во некои минати времиња не толку често се споменувале Татарчев, не знам Протугеров или било кои други јунаци. Но Гоце Делчев секогаш бил нишката околу која македонскиот народ и граѓаните на оваа држава без разлика дали биле Албанци, Македонци, Турци, Роми, Власи се собирале и ја граделе оваа држава“, посочи Мицкоски.

Мицкоски образложи дека за ова не треба да се помисли да се преговара, едноставно е недозволиво.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа ја прокоментира полициската акција во Струмица каде беа уапсени неколку лица кои не го почитувале полицискиот час делејќи хуманитарна помош од име на семејството Заеви.

Тој запраша доколку сè било чисто и не било направен никаков прекршок, зошто еден член на семејството Заеви насилно се однесувал во полициската станица во Струмица.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш„ зборуваше за ситуацијата во која Република Македонија се наоѓа поради корона вирусот каде посочи дека тој апелирал функционерите кои се од ВМРО-ДПМНЕ во владата да ја донираат целата нивна плата за да им се помогне на граѓаните и на болниците.

-Јас апелирав до 4те именувани функционери од ВМРО-ДПМНЕ во владата целата нивна плата доколку е тоа нивна желба, нормалнио сите се сложија да купат санитетски материјал, медицински заштитни средства и да ги донираат на клиниките дали во Куманово, дали да ги донираат на Клиниката за инфективни болести затоа што гледам како се однесува владата со купувањето на овие јаткасти производи.

Чуствувам дека тие пари ако таму се дадат тоа е исто како гладен волк во трло со овци да пуштите затоа подобро парите од платите земете купете материјали и донирајте ги во болниците како граѓанин затоа што ќе завршат онаму каде што се најпотебни, а вака сигурно ќе завршат на некој трпеза со лешници и ф`стаци, кажа Мицкоски.

Имено Мицкоски во своето гостување потсети и на изјавата на Шилегов кој што треба да е градски татко на Скопје кој укажа дека тој не живее од плата односно дека има приватни бизниси и практично живее од нив и тоа според него е многу потценувачки.

Изјавите на Денко Малевски дека Гоце Делчев е Бугарин се пробен балон и обид да се увиди како македонската јавност би реагирала доколку Владата на Заев прифати вакво нешто во преговорите со Бугарија истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

Тој посочи дека позициите на Бугарија се неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи Гоце Делчев е името околу кое се обединил македонскиот народ.

Tоа е јасно како ден, зошто ако не беше така ќе се откажеа како што се откажуваат од еден нивен градоначалник овие денови. Ветив дека нема да го споменувам ама морам да го споменам.

Како се оградуваат од него, така можеа од Денко да се оградат. Да речат, извинете ама ние се оградуваме од ова што го говори овој човек.

Ама гледате дека не се оградија, значи они оставаат простор за преговори. Не можеме да зборуваме за прифаќање на такви работи.

Ние сме се обединиле околу Гоце Делчев и тоа не доаѓа во предвид. Ова нема врска со прагмата и нема никаква врска со понатамошното интегрирање на нашата држав во ЕУ.

Нема никаква. Затоа нас ни се потребни зрели луѓе и политичари кои што знаат ова како да го исправат, вели Мицкоски.

Related Articles