За магичното видео се огласи Бетмен: Го гледав еднаш. Уште еднаш. Уште еднаш. И не ми беше јасно што гледам

 Breaking News

За магичното видео се огласи Бетмен: Го гледав еднаш. Уште еднаш. Уште еднаш. И не ми беше јасно што гледам

За магичното видео се огласи Бетмен: Го гледав еднаш. Уште еднаш. Уште еднаш. И не ми беше јасно што гледам
December 30
23:19 2020

Го гледав еднаш. Уште еднаш. Уште еднаш. И не ми беше јасно што гледам, па го запишав, со надеж дека некој ќе објасни.

Во секој случај, едно е јасно, се работи за еден од оние видео-спотови кои излегуваат на 30-ти декември, но ја одбележуваат целата година.

Спотот започнува со навидум сосема обична сцена од некој штаб на СДСМ (во Прилеп) каде пет госпоѓи си седат околу една маса, несвесни за чудото кое ќе им се случи многу брзо.

А тоа доаѓа за 2 секунди. Низ вратата каде што си седат овие, влегуваат неколку дами кои аритмички шлашкаат на некаква афричка денс музика, ритам и енергија кои ги хипнотизирачки ги обземаат првите пет госпожи, пришто е неизбежно спојувањето на несопирливите енергии, означено со повик од една од госпоѓите во спортска опрема кои им улетаа во штабот на седнативе да им се приклучат во… што и да е тоа што го прават..

Си цупкаат така заеднички редејќи се во некаква аеробик формација, а шлашкањето преминува во невидена кореографија веројатно под импресии на вокалот на афричката пејачка која им ја направи оваа невидена неочекувана белја на прилепчанки, од чиста мира да не знаат што им се случило и да почнат да танцуваат во општинскиот штаб на сдсм..

Атмосферата започнува да наликува на танц во салун во каубојските региони на Америка, но само на неколку секунди.

Оваа магична музика и енергија започнуваат да се прелеваат во ходниците на (ваљда) штабот на СДСМ па со ѕенѕање дамите се движат врз белите плочки толку самоуверено, како да знаат што прават.

Следна сцена: некаде се на отворено, нападот на играње прогресира и се движат по улица мафтајќи со рацете како да се на слет на тито или во детскиот хор на златно славејче.

Одат некаде. Каде? Никој не знае, вистинска мистерија е…

И одеднаш режисерот го носи ова врхунско дејствие на некои скали, каде збраните весељачки играат нешто што наликува на микс на аеробик и тресеница.

Па одеднаш се на могилата на непобедените, каде и на споменикот на паднатите херои му се случува нешто што не е видено во долгата историја на постоење – рака горе, па хопа-цупа, па некое неартиулирано вртење…

Херојската сцена завршува со масовка во која со споени раце како да мешаат шејкер за коктели сите заедно.

И… повторно драматичен заплет. Одеднаш влегуваат во ЈЗУ Општа болница Борка Талески – Прилеп.

Без претходен влез во тријажен центар, како сите смp тници, овие богињи на танцот цупкајќи влегуваат во холот на болницата со балони во рака, како некакви новогодишни кенгури, а се дочекани со аплауз од вработени во болницата кои веројатно ги оставаат сите болни во моментот, за да им се нарадуваат на здравите танчерки со балоните.

Не ги примаат на преглед, мерење на сатурација, психо-тест итн, туку ги гледаат во ходникот како овие играат и ги повикуваат да им се приклучат на подвигот кој започна во штабот на СДСМ.

Болничариве како хипнотизирани од овој моќен танц им се приклучуваат надвор од болницата каде веројатно треба да се деси нешто.

Цело време се движат како да откачиле тотално, а болничарите одат по нив, наместо да ги приберат на сигурно.

Има некоја тетка со пакет во рака, до неа е градоначалникот кој не цупка и скока бидејќи е сериозен господин во сериозни времиња.

Задните редови на поворката која излегува аплаудираат веројатно за знаете кој.

Следна сцена – веројатно персоналот од болницата или младината на СДСМ држи балони во рака, па топтан заедно со луѓе во медицински униформи со црвени балони во рака шетаат по пат и мафтаат.

Напред се сигурно кенгурите кои ги водат, не се гледаат, но се осеќа нивното присуство.

Оп, одеднаш од некој друг објект кај болницата излегуваат две-три жени, сестри ли се, што ли се, па чешитски и радознало ги гледаат овие насобраниве со балоните кои им ги дува ветер, како веројатно се спремаат за опасен невиден досега на овие простори перформанс од типот „пуштање на балони да летаат во воздух“, тука во самиот круг на болницата.

Па ги пуштаат, па балониве се разлетуваат, па се закачуваат во дрво повеќето, а 2-3 го промашуваат дрвото кое ваљда го гаѓаа нејасните весели прилепски медицински работници.

На овие тетките кои излегоа да ги гледаат балон-танчерите им е даден пакетот кој го носеше тетката претходно, а една госпоѓа која не цупка им подава некакви пликоа.

Африканкава пее, гази во позадина, не се зафркава. Спотот завршува со кадар од болницата и дрвото на кое е закачен еден балон.

Со еден збор: спектакуларно.

И уште ми е нејасно што гледав. Што снимале. Зошто го сториле тоа.

Зошто го објавиле. Што им била целта и поентата. Итн итн итн… Но, го добиваат залуженото место во самиот врв на ранг листата на спотови кои ја одбележаа годината.

Помагај, Боже и чувај не’. – Напиша Бетмен Велит на фејсбук.

Related Articles