Заев од дома честита роденден на неговиот СДСМ, торта сеуште нема

 Breaking News

Заев од дома честита роденден на неговиот СДСМ, торта сеуште нема

Заев од дома честита роденден на неговиот СДСМ, торта сеуште нема
April 21
09:35 2020

Интегрален фејсбук статус на лидерот на СДСМ, господинот Зоран Заев кој што е во домашна самоизолација:

29 години СДСМ! 29 години заедно со граѓаните! 29 години државнички политики, за татковината!

Од референдумот на 8 септември 1991, приемот во ООН, преку кандидатскиот статус за ЕУ, сѐ до полноправно членство во НАТО и започнување на преговори за членство во ЕУ.

Тоа се стратешките процеси за оваа наша земја во кои токму СДСМ имал клучна улога.

Тоа се целите на кои почива нашата државничка политика.

Денес нема поголема чест и одговорност од тоа да си дел од партијата која е вклучена во сите важни историски процеси за граѓаните, за државата, за нејзината иднина. Затоа сме горди!

И сега, кога нашата држава е соочена со досега невиден здравствен предизвик со коронавирусот, токму нашиот СДСМ покажува како преку одговорни политики треба да се работи за граѓаните.

Заедно ќе го победиме и овој предизвик. Можеме!

Со верба во себе, со верба за сигурна иднина, продолжуваме да работиме посветено, одговорно и во интерес на сите граѓани, во интерес на татковината.

Среќен 29 роденден, мој, твој, наш, #СДСМ!

Related Articles