Заев му даде подарок на Мицкоски, а тој вети дека ќе го краси неговиот професорски кабинет

July 07
07:18
2020
Вчера Зоран Заев додели и подарок на Христијан Мицкоски. На самиот крај на ТВ дуелот на МРТ, претседателот на СДСМ, Зоран Заев му даде поклон на неговиот политички опонент, Христијан Мицкоски.
Станува збор за програмата на Коалицијата Можеме предводена од СДСМ, со потпис од Заев и три знамиња – македонското, знамето на НАТО и на Европската унија.
Заев истакна дека ова е последното нивно соочување до одржувањето на предвремените парламентарни из бори на 15 јули.
Откако го прими поклонот Мицкоски рече дека тие знамиња ги има во неговиот партиски кабинет, но овие ќе го красат неговиот професорски кабинет.