Заев вели и Груевски летал со хеликоптер, Груевски веднаш му одговори вечерва

 Breaking News

Заев вели и Груевски летал со хеликоптер, Груевски веднаш му одговори вечерва

Заев вели и Груевски летал со хеликоптер, Груевски веднаш му одговори вечерва
April 02
20:31 2021

Премиерот Заев во вечерашното интервју на Канал 5 рече дека ги слушнал критиките од граѓани за денешното летање со хеликоптер до Прилеп.

Hо додава дека леталото секако морало да лета за да ги исполните часовите, а и било поевтино отколку да патува со автомобил при што треба да го следат и уште два други автомобили.

Видов дека граѓаните реагираа. Пилотот и леталото мора да летаат макар и празни, часовите мора да ги исполнат.

Јас не бев приватно во Прилеп, бев службено.

Хеликоптерот троши помалку од Заев и две коли кои го следат.

Ја исполнив мојата агенда. Леталото и пилотот мора да ги исполнат часовите.

На времето Груевски одеше приватно до Грчка со хеликоптери, па беше м’к (молк).

Јас давам секогаш одговори. Никој не ме прашува дали сакам, можеби ми е страв.

Трет или четврти пат го користам хеликоптерот за службени потреби, откри Заев, пренесе Фокус.

Груевски вечерва преку фејсбук страницата веднаш му одговори:

Никогаш во животот не сум влегол во хеликоптер.

Related Articles