Една изборна единица и отворени листи ќе ги остави помалите градови без свои пратеници, вели Димовски

 Breaking News

Една изборна единица и отворени листи ќе ги остави помалите градови без свои пратеници, вели Димовски

Една изборна единица и отворени листи ќе ги остави помалите градови без свои пратеници, вели Димовски
October 27
20:55 2019

Предлогот за воведување на една изборна единица ќе ги остави помалите градови низ Македонија без свои пратеници во Собранието, тврди за Детектор долгогодишниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски. Тој смета дека отворените листи ќе им овозможат подобри услови на оние кандидати кои имаат медиумска експонираност, за сметка на кандидатите од помалите градови, пишува Прес24.

Она што е штетно со тоа решение е елитизација во рамките на веќе популарните и познати јавни личности. Многу ќе му биде полесно на господинот Зекири или мене како долгогодишни активни луѓе во политика или во медиуми или присутни луѓе во медиумите да ги пласираме нашите идеи, отколку на некој кандидат од град Неготино или град Демир Капија или од град Пехчево, помали средини, кои што ќе немаат можност, никогаш практично со тој модел да имаат свои пратеници. Зошто?

Партиите ќе си ги централизираат кампањите на оние што се јавни личности, веќе познати личности или личности кои што доаѓаат од големи градови, Битола, Струмица Велес. И никогаш ние во Парламентот нема да добиеме пратеници од Неготино, нема да добиеме пратеници од Гевгелија, Виница.

Е сега го имаме тоа и има кој да ги застапува тие граѓани. Затоа велам, не случајно Велика Британија, САД, се држат строго на тој модел повеќе од 200 години, мнозински систем со плурално гласање во прв круг. – вели Димовски за Детектор. Анкетата на Детектор кој беше објавена во последната емисија покажува дека мнозинството граѓани бараат промена на изборниот модел. Извор: Прес24.

Related Articles