Антиkopyпциска бара државата да не му плаќа повеќе кирија за канцелариите на Црвенковски

 Breaking News

Антиkopyпциска бара државата да не му плаќа повеќе кирија за канцелариите на Црвенковски

Антиkopyпциска бара државата да не му плаќа повеќе кирија за канцелариите на Црвенковски
September 18
07:05 2019

Од Државната комисија за спречување на корупција вечерва испратија соопштение во кое појаснуваат дека бараат укинување на привилегиите, однос закуп на канцеларии на државна сметка и за двајцата поранешни претседатели, односно Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов.

Сакаме да ве известиме дека на денешната 22-ра седница на Државната комисија за спречување на корупција беше одлучувано по предмет отворен по сопствена иницијатива во врска со правата и привилегиите кои ги уживаат поранешни претседатели на државата.

За потребите на јавноста сакаме да ве информираме и потенцираме дека денешните одлуки во врска со овој предмет се однесуваат на сите поранешни претседатели и барањето за раскинување на договорите за закуп се однесува на двајцата поранешни претседатели, велат од Антикopyпциска.

Иванов вчера излезе и со соопштение во однос на оваа тема и напомена дека сумата која што се плаќа не е висока туку пониска за канцелариите. Поранешните претседатели уживаат и во други привилегии не само со канцеларии, како што е претседателската пензија.

Related Articles