Доколку патувате со авион, ќе бидат намалени летовите од и до република Унгарија

 Breaking News

Доколку патувате со авион, ќе бидат намалени летовите од и до република Унгарија

Доколку патувате со авион, ќе бидат намалени летовите од и до република Унгарија
August 30
20:43 2020

Ако сакате да патувате со авион, популарната компанија Визер ќе ги намали неделните летови до и од Унгарија од 7 септември.

Oва го соопшти авиокомпанијата, откако унгарската влада објави дека ќе заб paни влез на странци со цел да се обиде да се спречи проширување на коронавирусот, јавува Ројтерс.

Република Унгарија во петокот објави дека ќе ги затвори своите граници за странците од 1 септември за да го спречи порастот на инф екциите, а Унгарците кои се враќаат од странство ќе треба да одат во карантин.

Во соопштението на Визер се вели дека ќе извршува 32 лета неделно меѓу 7 и 30 септември, што е помалку од околу 126 летови во периодот од 1-6 септември.

Во неделата, Унгарија забележа 292 нови инфе кции, што е најголем дневен број од почетокот на пан демијата. Унгарија има вкупно 5.961 случаи на коронавирусот и 614 поч инати.

Од 7 септември до 30 септември може да се очекува поголемо намалување на летовите, а само најпопуларните правци ќе останат достапни за патниците“, велат од авиокомпанијата.

Нискобуџетната авиокомпанија, која во последните години се прошири од источна во западна Европа, беше една од авиокомпаниите која што најбрзо закрепна од kp изата со коронавирусот.

Визер“ минатата недела предупреди дека закреп нувањето може да запре бидејќи предупредувањата и ограничувањата поради коронавирусот го попречуваат патувањето низ Европа.

Исто така соопшти дека карантинските правила на Велика Британија не ја натерале да ги преиспита долгорочните планови за проширување таму. ИзворНезависен.

Related Articles