Димовски: Двајцата сте одговорни, двајцата да си поднесете оставки

 Breaking News

Димовски: Двајцата сте одговорни, двајцата да си поднесете оставки

Димовски: Двајцата сте одговорни, двајцата да си поднесете оставки
March 30
19:41 2021

Илија Димовски на фејсбук: Двајцата сте одговорни, двајцата да си поднесете оставки!

Префрлање на одговорноста од Пендаровски на Филипче, и обратно, е доказ дека и тие знаат дека има одговорност за здравствената криза…

Ова е само игра кој како да се провлече од таа одговорност и да го насамари другиот…

Заедно прогласуваа вонредна состојба…

Заедно прогласуваа кризна состојба…

Заедно ни кажуваат дали треба или не треба мерки и какви…

Заедно (пред неколку месеци) велеа дека донеле заклучоци за вклопување и на приватното здравство во борбата…

Заедно одеа во кампањи и се фалеа меѓу себе дека се потенцијал и капацитет…

П.С. Срамот не е за државата, срамот не е за граѓаните, срамот е за неспособната власт…

П.П.С. Следниот пат кога ќе одржувате Совет за безбедност имајте на ум дека тоа не е ниту дебатен клуб, ниту чајџилница, па да си разменувате впечатоци…

Related Articles