Детали: Конечно стигнаа првите 4680 вakцини од Србија, од вкупно 8000 кои се очекуваат

 Breaking News

Детали: Конечно стигнаа првите 4680 вakцини од Србија, од вкупно 8000 кои се очекуваат

Детали: Конечно стигнаа првите 4680 вakцини од Србија, од вкупно 8000 кои се очекуваат
February 14
12:32 2021

Премиерот Зоран Заев денеска ја прими донацијата од 4.680 до зи од вakцината на „Фа јзер“ од српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Пакетот од 4.680 од вкупно 8.000 е израз на пријателска и соседска подадена рака за поддршка и прва помош за македонските граѓани додека да стигнат вakцините што ние ги нарачавме, истакна Заев во говорот.

Рече оваа солидарност е израз и на традицијата на регионот.

Првата рака на помош да се подаде на најблискиот сосед.

Овој чин ги зацврстува и им дава светла перспектива на односите меѓу Србија и Северна Македонија, кои без друго се традиционално пријателски.

Нашите сограѓани, Србите во Северна Македонија и Македонците во Србија се алката на поврзување на двете земји, рече Заев.

Вakцините од Србија, рече премиерот, ќе влезат во Националниот план за имунизација.

Тој постојано ќе се ажурира согласно динамиката на пристигнување на останатите договорени вakцини во земјата, типот на вakцината и спецификацијата на секоја одделна вakцина.

Утврдени се приоритетните групи за вakцинирање, а почнато е доброволното пријавување на граѓаните, со што во полна функција го ставаме целиот процес на имунизација на населението со вakцини кои штитат од Ковид-19, рече Заев.

Вучиќ, пак, рече примопредавањето на вakцините можело да се случи уште пред 10 дена, но Србија имала голем проблем со добивањето дозвола за извоз.

-Можевме тоа да го направиме уште пред 10 дена, но сакам да знаете дека имавме многу проблеми со добивањето дозвола за извоз затоа што тоа се многу строги процедури.

На крајот им се заблагодарив на луѓето од „Ф ајзер“ што ова го овозможија.

Но тоа мора да се направи по неверојатно сложени процедури за да не претрпите санкции.

Јас сум среќен што граѓаните на Северна Македонија ќе може да почнат со имунизација.

Да почнат и пред некои други во регионот.

Среќни што можеме да им помогнеме на нашите браќа и пријатели, рече Вучиќ.

Related Articles