Детали за новата мерка на Владата: Недела е ден за неделен одмор

 Breaking News

Детали за новата мерка на Владата: Недела е ден за неделен одмор

Детали за новата мерка на Владата: Недела е ден за неделен одмор
February 05
19:48 2021

Предлог законот за работни односи, од кој дел е и решението „недела неработен ден“ е се уште во работна верзија и се консултира со сите засегнати страни.

На денешната седница на економско социјалниот совет се разгледуваше драфт текстот за  законското решение за “недела неработен ден”.


Трипартитниот дијалог ја потврди намерата на Владата – недела да се прогласи за неработен ден, односно според она што денеска се донесе како заклучок, текстот да гласи:

недела е ден за неделен одмор“.

За нормално функционирање на државата факт е дека ќе има можност одредени работодавачи/правни субјекти да работат но само во определени дејности

и тоа само оние работодавачи кои ќе можат да покажат дека технолошко-производствените процеси не смеат да се прекинат

(значи не сите работодавачи во тие определени дејности!).

Останатите работодавачи (и тие работодавачи чии технолошко-производствени процеси смеат да се прекинат во наведените дејности а и сите работодавачи во дејностите кои не се наведени во исклучоците) нема да смеат да работат.

Во случај да го прекршат законот и да работат во недела, тогаш ќе следи соодветна ригорозна каз нена м ерка.

За работниците во дејностите кои ќе спаднат под исклучоците,

работодавачите ќе треба да им го платат работењето во недела согласно законите и колективните договори и ќе треба да одредат друг ден кој ќе биде ден за неделен одмор.

Недела неработен ден“ како дел од програмата на оваа Влада е приоритет и дел од политиките кои ќе доведат до зголемена социјална рамно правност и заштита на работничките права.

Related Articles