Детали за големата kpaжба во Скопје, преку таван влегле во куќата, стигнале до балконот

 Breaking News

Детали за големата kpaжба во Скопје, преку таван влегле во куќата, стигнале до балконот

Детали за големата kpaжба во Скопје, преку таван влегле во куќата, стигнале до балконот
July 06
16:01 2020

Преку таван од друга куќа која била лепенка за онаа од која вчера беа уkp адени еден милион евра, pa3 бојникот успеал да стигне до балконот и со тврд предмет да ја отвори балконската врата и влегол во куќата од која замина со богат плен, дознава МКД.мк.

За да ги најде парите не се измачил многу бидејќи дел од нив, односно 800 илјади евра биле оставени во кеса до креветот во спалната соба.

Останатите крадецот ги пронашол во фиоките во истата соба. Ги пребарал и другите простории, но парите ги нашол во спалната соба.

Според пријавата во МВР kpa жбата биле извршена завчера во перодот од 19:30 до 21:45 часот во куќа во Скопје.

Сторителот по кого се трага за сега се води како непознато лице кое извршило тешка kpa жба.

Полицијата од увидот на лице место го утврдила начинот на кој ст орителот успеал да влезе и да замине од куќата.

Одземени се три кеси со 800 илјади евра, 60 илјади американски долари, 50 илјади швајцарски франци и еден милион денари.

Случајот, како што соопшти МВР, вчера во 22:10 часот во СВР Скопје го пријавил Ш.И. (58) од Скопје во чија сопственост е куќата каде била извршена kpa жбата.

Дополнително ќе се утврдува дали сторителот знаел каде точно се парите, а ги растурил другите простории за да изгледа дека не му било познато што има во куќата или пак влегол сосема случајно, па имал среќа да најде и уk pаде еден милион евра. Извор Прес24.

Related Articles