Град Скопје: Советничката Љубица Јанчева може да се пофали само со јадење бифтеци и трошење на народните пари

 Breaking News

Град Скопје: Советничката Љубица Јанчева може да се пофали само со јадење бифтеци и трошење на народните пари

Град Скопје: Советничката Љубица Јанчева може да се пофали само со јадење бифтеци и трошење на народните пари
May 20
18:39 2022

Петре Шилегов целиот свој мандат го мина со навреди кон граѓаните, невидена ароганција и расправии со пожарникарите.

За шест месеци, градоначалничката Арсовска и Град Скопје инвестираа во човечкиот и инфраструктурниот потенцијал на противпожарната бригада колку што за четири години не направил ниту еден претходен градоначалник.

Кога станува збор за неодговорноста и неспособноста да не заборавиме додека Скопје го живееше 80 часовниот карантин, а населбите Жданец,

Нерези и Трндол во среде пандемија остана без вода за пиење поради неспособното раководство на скопски Водовод поставено токму од Шилегов.

Поранешната претседателка на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева треба да одговори на јавноста колку седници на советнички прашања одржа како претседател на Совет и на колку од нив присуствувал Петре Шилегов и колку пати Љубица Јанчева го прекршила Деловникот за работа на Советот?

Срамно е кога советничката Љубица Јанчева говори дека Градот Скопје и градоначалничката Арсовска не реализираат ништо, кога и самата во Советот ги гласа одлуките за реализација на проектите и програмите кои се во интерес на граѓаните.

Советничката од СДСМ Љубица Јанчева изгледа очајно кога зборува за успешност, кога претходното градско раководство може да се пофали само со јадење бифтеци и трошење на народните пари.

Граѓаните на Скопје јасно се изјаснија кој е недомаќин и најнеуспешен градоначалник и кој сакаат да го води Градот.

Почитувани секој обид да се наштети на угледот на Град Скопје е на штета на скопјани.

Related Articles