Градоначалниците ќе штедат: Од 8 јануари pестрикции за струја, темница на улиците поради големите сметки за јавно осветлување

 Breaking News

January 03
20:21 2023

Како што јавуват ТВ24, покрај реакциите на граѓаните Комуналната тарифа за јавното осветлување во Струга нема да се укине ниту да се намали,

а рестрикциите ќе се вратат од 8ми јануари вели градоначалникот на Струга,

Рамиз Мерко, кој ваквиот потег го правда со енергетската криза и тоа што локалната власт не била во состојба да ги покрие милионските сметки за јавно осветлување, па мора да штеди.

Тој ги повикува граѓаните да бидат посвесни.

Од општините од регионот штеди и општина Ресен која го прекина ограничувањето за време на празниците, но градот е украсен за празниците.

Градоначалникот на оваа општина признава дека имаат потешкотии, но вели дека не може да им го ускрати правото на граѓаните да слават.

Јавното осветлување започнува од 16 до 23 часот, а потоа улиците се во мрак.

Од 26 декември до 8 јануари, нема ограничувања поради празниците, но се осветлени само центарот на градот и селата. ИзворТВ24.

Related Articles