Готово: Тpи сценарија за крајoт на коронавирусот, еве како ќе заврши и кога, C30 co нови информации

 Breaking News

Готово: Тpи сценарија за крајoт на коронавирусот, еве како ќе заврши и кога, C30 co нови информации

Готово: Тpи сценарија за крајoт на коронавирусот, еве како ќе заврши и кога, C30 co нови информации
March 31
07:14 2022

C30 – Светската здравствена организација објави ажуриран план за ковид-19, во кој се наведени три можни сценарија за панд емијата до крајот на оваа година.

Врз основа на она што сега го знаеме, најверојатното сценарио е дека вирусот што предизвикува Ковид-19 ќе продолжи да се развива, но сериозноста на болеста што ја предизвикува ќе се намалува со текот на времето поради зголемениот имунитет од вакцинација и закрепнување, ова го рекол генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус, пишува Прес24.

Ажурираниот План за стратешка подготвеност и одговор ги прикажува стратешките прилагодувања што треба да ги направи секоја земја во однос на запирање на ширењето на коронавирусот, намалување на влијанието на коронавирусот и ставање крај на глобалната вонредна состојба.

Сепак, лидерот на СЗО предупреди дека повременото зголемување на бројот на случаи и см тни случаи може да се случи кога имунитетот опаѓа, што би можело да бара периодични бустери за ран ливите популации.

Зборувајќи за второто и третото сценарио, Тедрос рече дека или ќе се појават помалку сериозни варијанти, па нема да бидат потребни бустери и нови вакцини, или ќе се појави повирулентна варијанта, па заштитата од претходната вакцинација или инфекција нема да биде доволна. ИзворПрес24.

Related Articles