Готово народе, имаме нов премиер, со 62 гласа избрана е новата Влада на чело со Ковачевски

 Breaking News

Готово народе, имаме нов премиер, со 62 гласа избрана е новата Влада на чело со Ковачевски

Готово народе, имаме нов премиер, со 62 гласа избрана е новата Влада на чело со Ковачевски
January 16
22:40 2022

Готово, Со 62 гласа ЗА и 46 ПРОТИВ вечерва е избрана новата Влада предводена од мандатарот, сега премиер Димитар Ковачевски.

Оваа Влада има легитимитет и таа ќе работи до 2024 година кога ќе има избори, до тогаш ќе работиме транспарентно и работливо, уште од првиот ден, уште од утре.

Веќе утре ќе расправаме за енергетската к риза.

Задутре ќе разговарам со бугарскиот премиер Кирил Петков базиран на почитување на македонскиот идентитет и посебност.

Веднаш потоа ќе расправаме за пензиите и за стандардот на граѓаните.

Имам јасен план за реализација на програмата со реални рокови“, изјави на крајот од расправата мандатарот Димитар Ковачевски порачувајќи дека доаѓа ново време.

Искрено се надевам дека опозицијата ќе биде конструктивна и дека ќе работи заедно со нас секогаш кога тоа е во интерес на граѓаните.

Повикувам да престанат политичките и етничките поделби и заедно да ги решаваме клучните приоритети.

Повеќе од кога било е потребно да се работи“, рече Ковачевски.

На крајот од кусото обраќање тој рече:

Верувам дека ќе ја подготвиме нашата држава за новото време.

На сите граѓани им посакувам добро здравје, мир и спокојство во семејствата.

Ветувам дека ќе направиме се да ја оправдаме довербата на граѓаните.

Доаѓа ново време, доаѓа подобро време, да живеат граѓаните, да живее Северна Македонија.

Related Articles