Вонредна временска најава за попладне – Подгответе се
May 02
07:04
2019
Времето низ Македонија денеска ќе биде умерено облачно со услови за локална појава на краткотраен пороен дожд попладне.
Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието и на Запад.
Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 22 Целзиусови степени, Маврово 12, Охрид 17, Битола 20, Кавадарци 22, Крива Паланка 19, Берово 17, Дојран 24 степени.
И утре сончево со умерена облачност и потопло време.