Владата подготвува законски измени: Ќе се укини продолжувањето на стажот, а за младите ќе се отворат нови работни места

 Breaking News

August 29
10:51 2019

Владата разработува законско решение со кое ќе се укине праксата дел од полициските службеници да го продолжуваат работниот век, иако имаат бенефициран стаж. Ова го најави премиерот Зоран Заев при престојот во Велес вчера.

Нека завршат математиките што ги прават стручните служби и ќе има промени во Законот за пензионирање.

Владата го препознава овој момент полициските службеници да го продолжуваат работниот однос. Со укинувањето на продолжувањето на работниот стаж, ќе се отворат и нови работни места, за младите, кажа Заев.

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, додаде дека и на просветните работници не треба да им се продолжува работниот век, во интерес на младите, на што премиерот Заев потврди да, и за наставниците.

Законското решение ќе претрпи промени. Работниците едвај чекаат да наполнат години и да одат во пензија, додека во некои струки тоа се продолжува.

Правиме пресметки колку тоа ќе го чини пензискиот фонд. Кога ќе пресметаме, набргу ќе излеземе во јавност со решение, додаде Заев.

Related Articles