Викенд: 162 нови случаи со коронавирус, ова е листата на градови, 14 на број

 Breaking News

Викенд: 162 нови случаи со коронавирус, ова е листата на градови, 14 на број

Викенд: 162 нови случаи со коронавирус, ова е листата на градови, 14 на број
June 14
15:16 2020

Како што јавуваат од Министерството за здравство, дека во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на коронавирусот во:

Скопје-92, Куманово-3, Дебар-5, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-32, Струга-3, Охрид-4, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-1, Свети Николе-1, Ресен-14.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти од: Скопје-2, Прилеп-2 и Тетово-1.
Поч инати се 9 лица, три од Скопје, еден од Прилеп, два од Тетово, еден од Струга, еден од Велес и еден од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби поч инаа две лица, пациент од Тетово (62г), хоспитализиран еден ден на клиниката и пациент од Скопје (62г), хоспитализиран пред три дена.

Во ГОБ „8 септември“ поч инаа пациент од Скопје (69г) примен на 13 јуни, пациентка од Скопје (73г) примена на 2 јуни и пациентка од Велес (70г) хоспитализирана на 2 јуни.

Во болницата во Прилеп поч ина пациентка на 81 година, хоспитализирана на 11 јуни. Во болницата во Тетово поч ина пациент (59г), во болницата во Охрид поч ина пациент од Струга (69г) а во болницата во Гостивар на пациентка (58г) која поч инала на 11 јуни, позитивниот резултат на коронавирусот е докажан постм ортем.

Вкупната бројка на коронавирусот дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4057, бројката на оздравени пациенти е 1710, на поч инати е 188, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2159. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 1858, активни 1210
Куманово 640, активни 221
Дебар 61, активни 10
Штип 238, активни 196
Прилеп 228, активни 20

Тетово 413, активни 239
Струга 127, активни 49
Велес 150, активни 27
Битола 33, активни 6
Охрид 69, активни 51

Кавадарци 6, активни 1
Гостивар 66, активни 41
Гевгелија 8, активни 4
Струмица 8, активни 5
Крива Паланка 10, активни 4

Радовиш 4, активни 0
Крушево 3, активни 0
Кочани 54, активни 23
Пробиштип 11, активни 9
Демир Хисар 1, активни 0

Македонски Брод 3, активни 1
Пехчево 5, активни 2
Берово 2, активни 1
Валандово 4, активни 3
Виница 3, активни 0

Делчево 1, активни 0
Кратово 3, активни 1
Свети Николе 9, активни 8
Кичево 3, активни 1
Ресен 19, активни 18

Неготино 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 778 теста се преку: ИЈЗ –370 , ЦЈЗ Скопје-26, Авицена –125, Биотек –72, Систина со PCR метода –74 и МАНУ -111. До овој момент лабораторијата на Жан Митрев (Филип Втори) не пријави тестирања во Институт за јавно здравје. Доколку стигнат, ќе бидат објавени во следниот извештај.

Досега во земјата се направени вкупно 43.040 тестирања на коронавирусот. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 нови, а вкупно хоспитализирани 96 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, а вкупно хоспитализирани 77 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 20 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 63 пациент – позитивни и сомнителни на коронавирусот.

Related Articles