ВИДЕО: Се појавија снимки од Катица Јанева во фризерски салон во Скопје, со нова фризура но и масажа на врат
July 22
21:22
2019
На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појавија неколку видео-снимки од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во фризерски салон во Скопје. Објавата ја сподели вечерва Марија Пијанманов на својот профил, но засега не е познато кога е снимена Јанева. Но како што дознава ТВ21, снимките се направени денеска, а фризерскиот салон се наоѓа на булевар Партизански одреди во Скопје. Катица често ги користела услугите на овој салон.