ВИДЕО: Народен човек, го посети пазарот во Драчево, стари тезги, кров што прокапува на сите страни, граѓаните ги раскажаа маките

 Breaking News

August 26
20:34 2021

Кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска го посети пазарот во Драчево, каде објави и видео запис од неговата посета. Меѓудругото тој на својата фејсбук страница напиша:

Населба Драчево, топол и искрен прием помеѓу моите сограѓани и чесните и искрени продавачи на пазарчето, кое е секојдневна дестинација на драчевчани.

Чесните и искрени продавачи имаат мизерни услови за работа. Ѓубре насекаде кое не го чистат општинските власти, стари и дотраени тезги, мизерни услови и во лето и во зима.

Цели 4 години заборавени од општинските власти кои пред изборите се шетаа и ветуваа сѐ и сешто. Четири години никој од СДСМ нема отидено да види што мислат граѓаните.

Мораме да создадеме нормални услови за овие луѓе. Драчево заслужува модерен и затворен пазар, кој ќе обезбедува нормални, модерни и хигиенски услови за работа.

Драчево заслужува модернизирање по принципот на модерните општини, бидејќи сега е оставено времето да си поигрува со неговата судбина.

Ветувањата дадени пред граѓаните мора да се реализираат! Ќе победиме заедно и ќе сработиме!

Related Articles