ВИДЕО: Македонија праќа камиони натоварени со тeнkoви за Украина

 Breaking News

ВИДЕО: Македонија праќа камиони натоварени со тeнkoви за Украина

ВИДЕО: Македонија праќа камиони натоварени со тeнkoви за Украина
July 29
17:00 2022

Северна Македонија ѝ донира те нкови од советската ера на Украина, потврди македонското Министерство за одбрана, од каде што велат дека планираат да ја модернизираат сопствената армија за да ги исполнат стандардите на НАТО, пишува Прес24.

Од Министерството соопштија дека Владата одлучила одреден дел од овие тенк овски капацитети да ѝ бидат донирани на Украина во согласност со потребите на таа земја.

Од тука не го соопштија бројот на тен кови што ќе ги донираат, но изјавија дека припаѓаат на т.н. трета генерација, а со оглед на развојот на технологијата, неконкурентни и некомпатибилни.

Од Министерството информираа дека дополнително во наредниот период би требало да се трошат и ресурси за уништување на тенковите,

што, според нив, е нецелисходна активност за нашата Армија.

На социјалните мрежи денеска се споделува видео на кое може да се види транспорт на тенкови, а се наведува дека е снимено во Крива Паланка, пишува Прес24.

Погледнете го видео записот објавен на социјалните мрежи во продолжение, видео:

Related Articles