ВИДЕО: И Заев се огласи за бегството на Сашо Мијалков

Заев: Народот бара правда, а се случи уште едно бегство.
Исто како и целиот наш народ така и јас секако сме разочарани од тоа што сѐ уште не е пронајден и не е приведен, односно не е однесенo во домашен притвор лицето Сашо Мијалков.
Ова го истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во изјавата за медиумите.
И ја изрази својата, како и загриженоста на граѓаните што сѐ уште не е лоциран човекот за кого вчера е изречена мерка домашен притвор за случајот „Таргет-Тврдина“.
Барам веднаш да постапат институциите и да направат пронаоѓање на Сашо Мијалков и да ја спроведат судската пресуда. Убеден сум дека тоа може да се спроведе.
Очекувам детално информации од надлежните институции под извршната власт, а тоа е МВР, како и очекувам комплетно детали со истрага за самиот случај од судот, од ЈО и од МВР.
Целосно нашиот народ очекува расветлување на ваквиот случај и секако понесување одговорност доколку не се спроведе судското решение“, нагласи премиерот Заев.
Погледнете го видео од изјавата на Заев во продолжение: