ВИДЕО: Вечерва големо нeвpeме во Делчево и делчевско, колите во вода

Медиумите јавуваат дека големо невреме денеска по 19 часот го зафати градот Делчево.
Во моментот поплавени се поголем број градски улици, Делчево кратко време беше без електрична енергија,
а сообраќајот на магистралата А3 се одвива во отежнати услови.
На повеќе локации регистирани се срушени бандери, светлечки реклами и билборди, како и срушени ќерамиди, оџаци и соларни панели.
Најголеми штети се регистрирани во населбата Ново Делчево каде, исто така, поплавени се подруми на граѓаните.
МИА јавува за Интервенции на Магистрала А3 по поплавите во Делчево, видео во продолжение:
За МИА, Изјава на директорот на ЈКП ,,Брегалница” Стојче Стојковски за интервенциите по невремето, видео МИА во продолжение:
Порталот Делчево365 постави и ново видео од денешното невреме:
Делчево365 јавува и со ново видео каде пишува дека Се нормализира состојбата по невремето во Делчево: