ВИДЕО: Вака се прави бе дечки – Кој ви дозволи тука да копате, Jaкимовски патролира по улиците на Карпош

 Breaking News

ВИДЕО: Вака се прави бе дечки – Кој ви дозволи тука да копате, Jaкимовски патролира по улиците на Карпош

ВИДЕО: Вака се прави бе дечки – Кој ви дозволи тука да копате, Jaкимовски патролира по улиците на Карпош
November 08
17:04 2021

Почитувани граѓани на Карпош, Сакам да ве информирам дека по пријава на граѓани за „ди во“ копање на улицата Букурешка, утрово излегов на терен за лично да се запознаам со ситуацијата.

Од одговорното лице на фирмата што го затекнав на лице место побарав доз вола за прекопување на улицата на што ми беше одговорено дека наводно имал одобрение од секторот за урбанизам, но не ми покажа документ.

Поради тоа наредив веднаш да прекинат активностите на улицата и да се направи записник.

По настанот веднаш ја повикав раководителката на секторот Наташа Ивановска која потврди дека фирмата немала дозвола за сеч ење на улицата.

Сакам да им порачам на граѓаните но и на фирмите кои извршуваат било какви активности на улиците во општина Карпош дека нема да дозволиме заобиколување и непочитување на зак оните и процедурите за работа.

Нема да дозволиме на „ди во“ да се прекопуваат нови улици, а граѓаните да газат по кал и да ги оштетуваат возилата по раскопани сообраќајници заради лични интереси на поединци.

Во општината мора да се врати редот и почитувањето на закон ите и имам намера тоа да го сторам час поскоро.

Напиша Стевче Јакимовски на својата фејсбук страница, каде објави и видео запис од случката:

Related Articles