Вечерва Филипче му врати на Мицкоски: Благодарност што ме потсети на ветувањата

Филипче на фејсбук: Благодарност до Христијан Мицкоски што ме потсети на ветувањата од изборната кампања.
Жално е што секоја прилика Мицкоски ја користи за пласирање л ги, но добро е што ми даде повод со факти да ги побијам овие негови паушални обвинувања.
Ќе го искористам и неговиот хаштаг #ДаНеСеЗаборави
1. #ДаНеСеЗаборави дека основната плата на лекарите специјалисти се зголемени за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25% а на здравствени соработници за 15%.Зголемени се и капитациите за матичните лекари.
Сите матични лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија, од 1 октомври 2019 добиваат приближно 15 посто повеќе или 8 денари покачување за капитационен бод.
Мицкоски ова може да го провери со своите сопартијци вработени во здравството.
2 ДаНеСеЗаборавидека најстарата зграда на Интерни клиники после 70 години доби комплетно нов лик.
Реновирани се хируршките сали на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ. Направена е комплетна реконструкција на операционите сали по сите светски стандарди.
Реновирани се и одделенијата за Дигестивна хирургија, Универзитетската Клиника за хематологија каде целосно беше реновиран Одделот за трансплантација.
Реновирана е Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија и одделот за интензивно лекување на Универзитетската клиника за неврохирургија во Скопје.
Клиничкиот центар беше локација со најголем неред, а денес Клинички има сосема нов лик.
Решен е проблемот со влезовите и излезите од комплексот, кон градските улици.
Реконструирана и рехабилитирана е постоечката улична мрежа. Создадени се услови за движење на итната медицинска помош и амбулантните возила.
Отворен и пуштен во употреба е и новиот Ургентен центар во Општата болница во Куманово.
Реновиран Центарот за дијабетес при Универзитетската Клиника за ендокринологија.
Реновирана е Службата за Итна медицинска помош во Битола и Службата за Итна медицинска помош во Здравствениот дом во Велес.
Реконструирана е Специјалната болница по хирур – Напиша Филипче на фејсбук: