Вечерва се огласи Никола Груевски, еве за што се работи

 Breaking News

Вечерва се огласи Никола Груевски, еве за што се работи

Вечерва се огласи Никола Груевски, еве за што се работи
December 08
21:46 2020

Денес е 8. декември – денот на Св. Климент.Од 2007 година овој ден е државен празник и неработен ден за сите граѓани на Македонија. Еден од петте најпознати ученици на Св.Кирил и Св. Методиј, нивен придружник и соработник во Моравската мисија, го продолжува нивното дело со создавањето и ширењето на глаголицата но и ја создава и раширирува кирилицата.

Заедно со Св. Наум вршат огромна просветителска дејност на повеќе територии, а едно од местата каде поминува подолг период е градот Охрид. Бурна е нивната историја. Во време кога ја водев владата се подготвуваше проект за снимање на високобуџетен а телевизиска играна серија за Св. Климент и Наум, при што идејата беше да биде со квалитет прифатлив за емитување секаде низ светот.

Со тоа на многу поприфатлив начин одколку во документарните филмови ќе беше доближен до секој човек нивниот живот и дело но и дел од животот на Св.Кирил и Методиј, како и на многу други нивни соученици, ученици, следбеници и соработници, римски папи, бискупи, цареви, кралеви и владетели од времето во кое владееле и во кое Св. Климент и Наум ја извршувале својата света мисија.

Снимањето требаше да биде од Солун и Охрид па до Рим, Венеција, Софија, Белград, и неколку локаци во неколку централно европски земји како Словачка, Унгарија, Чешка и други. Голем интерес беше покажала една искусна и успешна Чешка продуцентска куќа со која Министерството за култура имаше средби а во една прилика ги сретнав и јас.

Тие беа специјализирани за снимање на телевизиски серии и филмови со историска содржина од средновековието.

Истите веќе имаа снимено телевизиска серија во Чешка за браќата Кирил и Методиј, која помина со голем успех, а јазикот на кој ќе се говореше во оваа серија требаше да биде идентичен со јазикот на кои реално говореле светите браќа и просветители за што се правеа консултации со историчари и лингвисти.

За жал, не стигнавме и промената на власта во 2017 година го фрли во заборав тој проект.

Низ годините политичката пропаганда на нашите противници изгради искривена слика за нас, во смисла дека сме ја антиквизирале земјата и дека сме го погазиле па дури сме сакале и да ја промениме историјата во делот на словенската писменост, култура и образование.

Нашиот одговор секогаш беше дека словенската култура и историја има доминантно влијание во нашиот идентитет и историја и целосна присутност во нашата писменост, азбука и образование но дека не треба се друго пред тоа да се отфрли и заборави затоа што колку и да е доминантна словенската култура и идентитет, сепак пред доаѓањето на словените на овие простори имало живот, цивилизации, империи, култури и историја и сите тие се дел од минатото на ова наше парче земја наречено Македонија и оставило траг.

Реалноста е сосема спротивна а тоа е дека од прогласувањето на државноста на 2ри август 1944 година непостои друга влада која повеќе направила за афирмација на македонскиот словенски идентитет и култура од владата која ја предводев.

Подржани и финасирани од владата во тие години се огромен број стручни и научни трудови и книги поврзано со словенските и македонски просветители на многу македонски научници, историчари, лингвисти и писатели.

Владата финасиски подржа снимање на документарни филмови за Климент, Св. Наум, Св. Кирил и Св. Методиј под покровителство на МТВ кои подоцна беа остапени на сите телевизиски приватни медиуми, па повеќе од сто пати се емитувани на сите телевизии заедно во Македонија.

Истовремено се извади од архивите на МРТ и еден документарн филм сниман во осумдесетите години и заборавен, па и тој се реафирмираше преку негово повеќекратно емитување.Во Скопје како главен град на Република Македонија немаше споменик на светите браќа Кирил и Методиј и Св. Климент и Наум.

Никој претходно од толку големите почитувачи на овие светители и просветители и симбол на словенското наследство, писменост и идентитет не нашол за потреба да ги афирмира и да им се заблагодари на таков начин.

Во време на владеењето токму на владата за која сеуште тече пропагандата дека била фокусирана само на антиката а го погазила словенскиот дел од историјата на оваа територија, се изградија споменици во строгиот центар на главниот град, на Св. Кирил и Методиј и Св. Климент и Наум на плоштадот Филип Втори веднаш до камениот мост.

Дополнително споменик на Св. Климент се изгради и на раскрсницата кај соборниот храм Св. Климент Охридски, а споменик на Св. Наум се изгради во Охрид бидејќи во Охрид немаше споменик на Св. Наум.Лично бев иницијатор и за прогласување на државен празник денот на Св.Климент, 8.декември како и 24 мај денот на Св. Кирил и Меотодиј одкако претходно за истото направив консултации со архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

Истовремено државни празници станаа Бадник и Велики Петок и неколку други. Веднаш потоа како влада предложивме и државна награда Св. Климент, и од тој момент секоја година има државно чествување на Св. Климент на 8. декември со пригодни говори на највисоките државни и црковни личности.

Наградата Св.Климент е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди.

Се доделува на 8 декември – денот на Св. Климент Охридски и се доделува од 2009 година наваму.Скопје имаше булевар Климент Охридски но немаше булевар Св. Кирил и Методиј, па и тоа се промени и денес една од најглавните скопски сообраќајни артерии го носи името на светите браќа Св.Кирил и Методиј (булеварот кај шопинг молот Рамстор).

Државната телевизија цели 9-10 години најмалку два месеци пред деновите на сите четири словенски и македонски светци и просветители по 10тина пати на ден емитуваше снимен спот во траење од неколку минути со кој граѓаните се информираа и потсетуваа за најважните делови од животите на овие словенски просветители и нивното дело како и придобивките за сите нас од тоа.

И не останавме само на овие четири светители и просветители. Афирмација вршевме и на многу нивни следбеници со истите погоре опишани начини.

Погледнете само на мостот на цивилизациите колку словенски просветители има. Таму е и Св. Јоаким Крчовски и Св. Кирил Пејчиновиќ-Тетоец и повеќе други, за кои исто така се направија, трудови, книги, документарни филмови итн како никогаш претходно и како никогаш подоцна.Уште многу работи се направија во афирмација на Св. Климент, но и на Св. Наум, Св Кирил и Св. Методиј и генерално за афирмација на словенската писменост, култура, азбука и идентитет.

Ни една влада претходно и потоа не направила повеќе во тој дел. Но, проблемот кај некои луѓе во политиката беше зошто се афирмираа и другите делови од историјата на Македонија како географски регион низ вековите.

Па, така, тоа беше и повод да започне една осмислена, валкана пропаганда против нас како тогашна власт, која и до ден денес не е запрена, а тоа е како што пишав дека сме сакале да го смениме идентитетот на нацијата и тој да се поврзува само со антиката а да се поништи словенскиот дел од нашиот идентитет кој заради јазикот, писмото и културата се доминантни, што дури и како лага само по се е ноторна глупост.

Вреди на овој значаен ден да се потсетиме на овие непобитни факти кои се дел од општествената и медиумска дискусија во Македонија повеќе од една декада.

Нека е честит празникот Св.Климент Охридски и нека донесе подобри денови за Македонија и за сите нејзини граѓани.

Related Articles