Вечерва се огласи и Филипче за Vakcinacija.mk, еве што вели министерот

 Breaking News

Вечерва се огласи и Филипче за Vakcinacija.mk, еве што вели министерот

Вечерва се огласи и Филипче за Vakcinacija.mk, еве што вели министерот
February 10
20:30 2021

Веб-страницата www.vakcinacija.mk од денеска ја пуштивме во употреба.

За само неколку часа има повеќе од 8000 регистрирани граѓани!

Преку пополнување на апликација искажувате интерес за вакцинација против КОВИД-19.

Сите апликации ќе бидат внесени во системот Мој Термин и нема потреба дополнително да го ажурирате податокот или да го барате и информирате својот матичен лекар дека сте се регистрирале.

Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ве повика и ќе ве информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот кој ќе го изберете при регистрацијата.

Во прва фаза ќе се вакцинираат здравствените работници и граѓаните над 70 години.

Сите останати кои се регистрирале ќе бидат контактирани во матичниот тогаш кога нивната група ќе биде на ред за вакцинирање согласно националната стратегија.

Вакцинирањето е доброволно и се спроведува согласно стратегијата за вакцинација во нашата земја.

Единствениот начин за да го победиме вирусот е со вакцинација против коронавирусот. – Пишува министерот Филипче на својата фејсбук страница:

Related Articles