Вечерва Пендаровски врати: Се чудам како Филипче свесно не го споменува фактот дека првичните контакти со најголемите фармацевтски компании се направени преку мојот Кабинет

 Breaking News

March 30
18:26 2021

Во целост се согласувам со изјавата на министерот Филипче дека сликите од Србија изминатиот викенд се израз на солидарност, но, тоа е солидарност која државата Србија ја покажа кон десетина илјади наши граѓани.

Меѓутоа, тешко дека тие слики на наши граѓани кои бараат здравствена заштита во странство, откако не ја добија во сопствената земја, се за фалење.

Во однос на процесот на набавка на вакцини, крајно сум зачуден што министерот Филипче свесно не го споменува фактот дека првичните контакти со најголемите фармацевтски компании, кон крајот на декември мината година се направени преку мојот Кабинет.

и од тогаш до денес како претседател сум активно вклучен преку дипломатските канали во процесот за набавка на вакцините, што инаку е примарна надлежност токму на министерот за здравство.

Related Articles