Вас ист дас: Тасевски раскажа за гepманецот што пробал ајвар, дури и нарачал пет кила за во Гepманија

 Breaking News

Вас ист дас: Тасевски раскажа за гepманецот што пробал ајвар, дури и нарачал пет кила за во Гepманија

Вас ист дас: Тасевски раскажа за гepманецот што пробал ајвар, дури и нарачал пет кила за во Гepманија
October 17
21:52 2020

Се запознавам со една странска будала, познат нутриционист, дојден овде приватно, само да го види изворот на реката Аксиос, зашто читал за неа во библијата.

Бил во Вруток, го видел, мрднат од радост.

Еееееј, на изворот на библиска река бил. Коњ. Ама остајте тоа… Не е толку важно.

Седиме во кафана, нарачувам и ајвар да донесат, со ручеков, ја нешто скара нарачав, он пасе некои треви со балсамико, преливи…

Ме гледа како ја гнетам фурнаринката со ајвар, ме прашува:

Вас ист дас? Викам, мацедонише специјалитет, зер шоооон.

Го пробува и пазете коментаров на нутриционистов: Ова не мислам дека е нешто вредно да се внесе во организмот, ама е добро у пи чку ма тер!

На германски го кажа ова, ама таа беше смислата. И почнува да бута од ајварот.

Не ги пипна тоа тревите во тањир.Не можам да престанам да јадам, вели.

Еееее, па му викам, не е целата светска убавина во Мерцедес и Ауди.

Башка тие не се јадат. Следниот ден у девет ми се јавува:

Ај таму на ајвар! Викам кај нас на рибја чорба се оди сабјале. Јади што сакаш, јас ајвар.

Доаѓа келнерот, љубезен, го знае странецот, пошо секој ден таму јадел.

Љубезен келнерот, прави пируета, му подава мени на Хелмут, странецов така се вика, , овој не го ни зема, вика:

Ајвар, љуто!!! Пет такви чинивчиња со ајвар мавна.

Солзи му течат од тоа љутото, ко булка во фацата напраен, ама бута. И сега финалето.

Доаѓа келнерот со сметката и Хелмут сака да купи од истиот ајвар за во Германија.

Келнеров вика скапичко ќе ти дојде од ресторанскиов, ама жена ми и мајка ми баш денес прават ајвар, подобар од овој трипати.

Љут, уши паѓаат. Ако сакаш од него, домашен.

Хелмут директ нарачува пет кила. Келнеров му вели 50 евра.

Овој одма му дава и си пружија рака. Бомбона бизнис.

Само тешко на оној што ги лупи пиперките – Фејсбук статус на Сашо Тасевски:

Related Articles