Битиќи: Прашајте ги како им е кога 7 часа во денот немаат струја и треба да надополнуваат со агрегати

October 03
20:39
2022
Фатмир Битиќи Вицепремиерот за економски прашања, во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека во Косово цената на електрична енергија за фирмите кои се на регулиран пазар е пониска од онаа во Македонија, но затоа таму и по седум часа на ден снемува струја. Цената е пониска, но прашајте ги фирмите како им е кога седум часа во денот немаат струја и треба да надополнуваат со агрегати, рече Битиќи. Тој ова го одговори на констатацијата на Маја Кадиевска од ВМРО-ДПМНЕ која направи споредба на цената на електрична енергија за фирмите кои се на регуллиран пазар во Македонија која изнесува 230 евра за мегават час. Во Косово таа цена е 70 евра, во Србија 100, а во Бугарија 130.