Бараат да ги казнувам граѓаните, а илјадници граѓани се оставени без работа и се во лоша психолошка состојба, вели Чулев

 Breaking News

Бараат да ги казнувам граѓаните, а илјадници граѓани се оставени без работа и се во лоша психолошка состојба, вели Чулев

Бараат да ги казнувам граѓаните, а илјадници граѓани се оставени без работа и се во лоша психолошка состојба, вели Чулев
May 07
21:50 2020

Вечервна на телевизија Алфа, техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев беше гостин во емисијата Заспиј ако можеш каде истакна дека изминативе неколку дена е мета на организиран и оркестиран напад од страна на СДСМ со цел негова лична дискредитација.

Тој вели: Морам прво да кажам дека последниот период во контиунуитет има организиран и оркестриран напад од страна на сите ПР структури на СДСМ против моето функционирање и функционирањето на МВР се со цел замоја лична и професионална дискредитација.

Чулев посочи дека причината за ваквиот напад врз него е да се изврши притисок за да се казнуваат што повеќе граѓани за непочитувањето на ограничувањето на движењето и другите мерки кои ги носи Владата.

Тој потенцираше дека ова нема да го дозволи бидејќи илјадници граѓани се оставени без работа, економската состојба е лоша, а психолошкиот притисок голем,

Чулев додава дека нема на никој начин дополнително да го оштетува буџетот на овие семејства.

Чулев додава: Јас кажав и на Влада и на социјалните медиуми, притисокот е безкруполозно да ги казнуваме граѓаните за ограничувањето на движењето и за сите други мерки.

Мојот принцип како министер за внатрешни работи е пред се да ги предупредуваме граѓаните, а ако го повторуваат делото тогаш да превземеме репресивни мерки. Значи репресивни мерки да, ама не по секоја цена.

Најпрво со превенција, а потоа да се оди со репресија. Моментот е особено тежок за граѓаните тие се под голем психолошки притисок, економската состојба ние катастрофално лоша.

Голем дел од граѓаните изгубија работни места, семејствата им се во тешка економска состојба, така да високите казни кои што би им се дале, дополнително би го оштетиле нивниот буџет и би влијаеле негативно врз благосостојбата на нивното семејство, вели Чулев.

Related Articles